Турскиот новинар, Ахмет Ерџанлар, објави дека нашиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, исконтактирал телефонски со Јирген Клоп.
Наводно, менаџерот на Ливерпул му соопштил на играчот на Наполи дека го планира во јануарскиот преоден рок. Елмас досега беше поврзуван со заминување од Италија но, тоа не се случи.
Сега се очекува „црвените“ да испратат официјална понуда до Наполи за ангажман на нашиот фудбалер.