Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред натпреварот со Наполи со пофални зборови за противникот и тренерот Карло Анчелоти.Овие два тима се среќавата вечерва во натпревар од второто коло во Лигата на Шампионите.
„Ми се допаѓа Карло Анчелоти, го почитувам многу. Тој рече доста добри работи за нас и за мене пред натпреварот. Убаво е, но е тактика. Карло долго време е во фудбалот. Ние сме подготвени за битка. Наполи има фантастичен тренер, фантастичен тим и емоционална публика”, изјави Клоп.
Тој даде коментар и за контролниот меч кој двата тима го одиграа во текот на летото, кога Ливерпул победи со 5:0 во Даблин:
„Тоа беше пријателска средба, ништо повеќе. Постигнавме гол по секој удар кон голот. Наполи немаше многу опции. Не сме зборувале за овој натпревар , тој во моментов воопшто не е важен, ова ќе биде сосема друг натпревар” додаде Клоп.