Тренерот од Германија, Јирген Клоп, кој успеа по цели 30 години да му ја донесе титулата на Ливерпул во Премиер-лигата, вели дека неговите фудбалери во наредната сезона ќе имаат жестоки битки за одбрана на пехарот.
„Мислам дека Сити, Челзи и Јунајтед ќе бидат многу силни додека Тотенхем и Арсенал имаат голем потенцијал. Ќе биде крајно интересна трка за првото место“ – вели Клоп.
„Ние нема да ја браниме титулата туку ќе ја нападнеме. Тоа е нашата филозофија на игра, секогаш да одиме на победа“ – потенцираше искусниот стартег на кормилото на „црвените“.