Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп проговори за можното учество на напаѓачот Садио Мане во натпреварот од 24. коло на шампионатот на Англија со Барнли.
„Претпоставувам дека Мане ќе има целосен тренинг, а потоа ќе донесеме одлука, прво да видиме како ќе се чувствува“, изјав Клоп пред мечот со Барнли.
29-годишниот Садио Мане оваа сезона на 20 натпревари во Премиер лигата постигна осум гола и даде една асистенција. Тој исто така постигна два гола на шест натпревари во групната фаза од Лигата на шампионите. Претходно Мане со репрезентацијата на Сенегал го освои Африканскиот куп на нации.
Барнли – Ливерпул е натпревар кој ќе се одигра утре, 13 февруари со почеток од 15 часот.