Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашниот пораз на теренот на Лестер, нагласи дека неговиот состав се соочува со проблеми и дека „лисиците“ сосема заслужено победија.
„Имавме шанси, но, не бевме доволно добри за да победиме. Немавме контрола на теренот и одигравме лош меч“ – вели Германецот.
„Ако го играме фудбалот кој го игра Ливерпул, тогаш ќе имаме повеќе шанси да победуваме. Разликата со Сити не е мојот главен проблем“ – изјави Клоп.
