Фудбалерите на Ливерпул вчера пред околу 65 илјади гледачи на стадионот во Единбург загубија на пријателски мечод Наполи со 3-0. Тоа за актуелниот европски првак беше четвртиот подготвителен меч во кој не забележа победа. Четата на Клоп претходно играше и со Борусија Дортмунд, Спортинг Лисабон и Севилја.
„Резултатите не се значајни. Мислам дека ќе бидеме во посакуваната форма кога ќе дојде време. Досега не бевме трпеливи а имавме и проблеми од физички аспект“ – потенцирал Клоп по поразот од италијанскиот тим.
Искусниот тренер во досегашниот дел од подготовките ги немаше на располагање: Фирмино, Алисон, Мане, Салах, Кеита и Шакири.