Германски Скај Спортс пишува дека РБ Лајпциг засега ќе го задржи Марко Розе како главен тренер на тимот, но доколку продолжи серијата променливи резултати, на крајот на сезоната Розе најверојатно ќе мора да си замине.
Според информациите на германската тв-мрежа, шефот за глобални операции во Ред Бул, Јирген Клоп, посочил тројца кандидати кои можат да ја преземат тренерската позиција во бундеслигашот. Иако се зборуваше дека меѓу кандидатите е и екс-тренерот на Манчестер Ј., Ерик Тен Хаг, Клоп не го ставил на списокот на потенцијални кандидати.
Клоп најавил дека треба да се разговара со Себастијан Хенес од Штутгарт, Оливер Гласнер од Кристал Палас и поранешниот тренер на Бенфика, Роџер Шмит. Заедничко на сите тројца им е тоа што знаат германски, што Клоп би го сметал за блиску до незаменлив услов.

