Менаџерот на Ливерпул изјави дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне не се ракувал по натпреварот од третото коло во групната фаза од Лигата на шампионите затоа што бил лут.
„Не ми се допаѓа, но да, тоа е ситуацијата. Сакав да му подадам рака. Неговата реакција, исто како и мојата, не беше толку остра. Следниот пат кога ќе се видиме, дефинитивно ќе се ракуваме. Тој беше лут, но не на мене, туку на резултатот. Ништо повеќе“, изјавил Клоп.