Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, иако има проблеми со ротацијата поради повредите на дел од стандардните првотимци, најави дека „црвените“ нема да бидат активни на трансфер пазарот.
„Секоја година медиумите тврдат дека ќе купуваме играчи. Се сомневам дека ќе донесеме ново име во јануари“ – изјави кратко германскиот стратег.
Сега во болницата на Ливерпул се Ловрен, Матип и Фабињо. Не може да играат и Окслејд-Чембрлејн, Шаќири и најновото засилување, Минамино.

