Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, пред денешното финале со Тоетнехм во Лигата на шампионите, вели дека не чувствува притисок. Германецот во последниве шест години беше дел од неколку финалиња, но, не се израдува на трофеј.
„Не се чувствувам како губитник. Ако се чувствувам така, тогаш би имал проблем. Ако сум јас причина за тоа, тогаш сите ќе имаат проблеми“ објасни Клоп.
Искусниот стратег во 2013 година го загуби финалето во ЛШ од Баерн а потоа во два наврата неговиот тим беше совладан во Купот на Германија од Баерн и Волфсбург. Со тимот на Ливерпул доживеа пораз во финалето на Лига Купот од Манчестер сити, од Севилја и од Реал Мадрид во ЛШ.

