Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашната победа против Барнли, вели дека неговиот тим ќе вложи максимално напори во трката со Манчестер Сити за да ја освои титулата во Премиер лигата.
„Нашата порака од натпреварот со Барнли е јасна. Покажавме совршена комбинација на борба со противникот и во исто време игравме фудбал. Ете тоа ми се допадна” – потенцираше Клоп пред новинарите.
„Ние немаме никаков проблем со самодовербата. Тоа што се пишува за нас воопшто не е значајно, мислам дека не е ниту интересно“ – изјави Клоп
