Фудбалерите на Ливерпул вчера ремизираа со Астон Вила и практично ги загубија шансите да обезбедат место во Лигата на шампионите за наредната сезона. Нивниот менаџер, Јирген Клоп, не е задоволен од резултатот.
„ Се боревме за место во Лигата на шампионите но, ривалите собраа повеќе бодови. Ќе се бориме во Лига Европа. Да видиме што можеме да направиме таму“ – изјави Клоп.
Ливерпул има три бода помалку од Њукасл и Манчестер Јунајтед кои имаат натпревар помалку и ќе им требаат најмалку нерешени резултати за да обезбедат пласман во елитата на Европа.