Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, немаше зборови да го опише поразот на домашен терен од Барнли со што по речиси четири години и 68 мечеви „црвените“ останаа со празни раце на домашното буниште.
„Не знам доволно зборови на англиски јазик за да опишам како се чувствувам. Не се чувствувам добро. Добивме бокс во лицето. Имавме доминација, создававме шанси, но не постигнавме гол“ – вели Германецот.
„Сега мора да останеме во битката за титулата. Другото нема значење“ – изјави Клоп по сензационалниот пораз од Барнли.
