Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, ќе го испочитува договорот со англискиот тим до 2026 година а дури потоа ќе размислува за селекторската позиција во Германија, наведуваат медиумите во Европа.
Според „Дејли мејл“, менаџерот на „црвените“ не ја исклучува опцијата во иднина да ги води „панцирите“ но, сега нема намера да прифати евентуална понуда од Германскиот фудбалски сојуз.
По отказот на Ханси Флик, поранешните светски шампиони се обидуваат експресно да пронајдат нов кормилар а во преден план е Нагелсман.