Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на последната прес-конференција пред утрешното финале во Лигата на фудбалските шампиони против Тотенхем, изјави дека неговиот тим е многу позрел во споредба со минатата година кога загуби од Реал Мадрид во битката за трофејот.
„Научивме многу од претходното финале. Околностите сега се различни, ривалите се различни. Ние сме сосема различен тим во споредба со минатата година. Ние сме многу позрели“ – вели германскиот тренер.
„Ниту јас ниту мојот колега Почетино не смееме да мислиме дека сме фаворити и дека некој од нас има предност. Луѓето можеби ќе кажат дека ние сме фаворити бидејќи собравме повеќе поени во Премиер лигата, но, двата натпревара со Тотенхем беа многу тешки“ – потенцираше тренерот на Ливерпул.