Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, пред утрешниот меч со Арсенал во дербито на Премиер-лигата, вели дека треба да се одигра претпазливо бидејќи двата тима се во добра форма.
„Не остваривме добри резултати во изминативе неколку недели. Затоа и сме во сегашнава ситуација. Загубивме од Вест Хем иако и да дојдевме до бод тоа немаше да има големо значење“ – потенцира Германецот.
„Знаеме дека мора да играме подобро. Арсенал е солиден тим, но, ние ќе играме дома и тоа има големо значење“ – изјави тренерот на „црвените“.