Ливерпул доцна синоќа славеше против Ројал Унион со 2-0 во Лига Европа но, тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, вели дека не е задоволен од прикажаното.
„Не ми се допадна што во одредени моменти моравме да се браниме. Требаше да бидеме посигурни и да постигнеме повеќе голови“ – вели Клоп.
„Белгија е земја со навистина добра фудбалска култура. Mожевме и поубедливо да победиме. Сепак, бодовите се најзначајни“ – изјави Германецот.