Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, има причини да биде презадовоен по вчерашната голема победа во дербито со Манчестер Сити.
„Црвените“му го нанесоа првиот сезонски пораз на актуелниот шампион во Премиер-лигата. Мечот го реши Мохамед Салах кој погоди во вториот дел.
„Се браневме на неверојатно високо ниво а имавме и одлична контрa. Значајно е да постигнете гол и да победите. Тоа ние го направивме“ – потенцираше тренерот на Ливерпул.