Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп полека ги открива имињата на играчите на кои нема да смета во наредниот период и ќе им даде зелено светло за заминување следното лето со што ќе ја започне летната чистка на „Енфилд“.
Неколку различни медиуми се согласуваат дека првите три имиња на оние што заминуваат се јасни и дека тие ќе бидат Дивок Ориги, Џердан Шакири и Алекс Окслејд-Чембрлен. Тројцата имаат многу подобри очекувања, а последните двајца ги прогонуваат чести повреди кои ги спречуваат да го откријат потенцијалот за кој биле ангажирани.
Токму поради оваа причина тие најчесто се подложени на сериозни критики од аналитичарите, а сега раководството на Ливерпул реши да се раздели со ова трио.