Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој ја освои титулата во фудбалска Англија, планира да направи пауза од една година откако ќе го одработи договорот со „црвените“.
„Сигурно си заминувам од Ливерпул бидејќи мојата мисија ќе биде завршена. Планирам да направам едногодишна пауза која ќе покаже дали фудбалот ќе ми недостасува.“ – вели Клоп кој има договор до 2024 година.
„Кога еден ден ќе престанам, знам дека нема да ми недостасува бруталната тензија пред почетокот на натпреварот“ – потенцирал Германецот.