Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашниот пораз во дербито со Арсенал, изјави, дека „црвените“ се отпишани од трката за титулата во Премиер-лигата.
„Имаме проблеми но, мора да продолжиме. Така беше и во претходната сезона. Направивме клучни грешки и примивме лесни голови“ – потенцира Германецот.
Ливерпул во наредниот викенд ќе го пречека Манчестер Сити. На врвот во Англија е екипата на Арсенал со 24 бодови пред „граѓаните“ со 23.