Менаџерот Јирген Клоп е смирен пред големиот дуел меѓи неговиот тим Ливерпул и актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите. Германскиот тренер признава дека играчите на Зинедин Зидан можеби се фаворити, но тој има план.
„Тактиката во фудбалот е за такви моменти: да го принудите посилниот ривал да падне на твоето ниво, потоа да се справиш со него. Искуствотово вакво натпреварување е важно, тимот на Реал е супериорен во однос на нас. Но искуството е важно во секунди пред натпреварот – тогаш Реал ќе биде порелаксиран. Но, играта едноставно започнува, а се игра се додека не заврши. Имавме две недели да ја анализираме играта на Шпанците. Да, тие се многу силни, но сé уште не се соочиле со нас. Треба да ги направиме работите што е можно потешки за нив. И, во принцип, никој не очекуваше да бидеме тука, и стигнавме до финалето со најмногу погодоци. Ние сме тука бидејќи сме Ливерпул. Верувам дека прво треба да ги искористиме нашите сили и потоа да се прилагодиме на противникот”, рече Клоп.
На денешен ден, пред пет години, тренерот беше во финале од ЛШ, но Борусија (Дортмунд) загуби со 1:2 од Баерн Минхен. „Тогаш бев возбуден, бидејќи тоа беше мојот прв пат. Тешко е да се стигне до целта поради целата подготовка за средбата. И на „Вембли“, одигравме фантастичен натпревар против многу силен ривал, и по мечот сфатив дека сакам повторно да ја имам оваа шанса некаде во мојата кариера. И сега сум тука, бидејќи моите момчиња ми ја дадоа оваа можност. Тие се бореа многу. Горд сум на нив и сакам да играме фудбал”, додаде Клоп.