Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ги сподели емоциите по победата над Манчестер Јунајтед со 7:0.
„Немам зборови. Фантастичен натпревар, извонреден. Прикажавме врвен фудбал против тим во добра форма. Почетокот на вториот дел беше прилично добар, а не беше лош ниту крајот. Тоа е фудбалот, се случува. Тоа беше притисокот што го сакавме. Тој нè насочува во вистинската насока. Сите треба да знаат дека се уште сме тука. Денеска беше добра демонстрација за тоа што можеме да бидеме, какви треба да бидеме од сега па натаму. Ова е многу важен триумф за нас. Имаме уште 13 натпревари пред нас. Тоа се многу бодови“, изјави тренерот на Ливерпул.