Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, проговори за катастрофалните грешки на голманот Лорис Кариус во последното финале во Лигата на фудбалските шампиони против Реал Мадрид кои директно влијаеја на епилогот и практично донесоа победа за шпанскиот состав.
Германскиот чувар на мрежата од тој натпревар е под постојан притисок а шпекулациите одат до таму што највауваат и негов трансфер во Бешикташ. Искусниот стратег на „црвените“, признава дека по тој натпревар немал зборови да го утеши разочараниот Кариус.
„Јас сум силен подржувач на идејата да молчите ако ги немате виситнските зборови. Не знаев што да кажам. Ниту бев лут, ниту бев разочаран или нешто друго. Таа вечер останавме на само неколку зборови“ – истакна Клоп.