Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, очекува победничка серија во Премиер-лигата на наредните дуели со Вулверхемптон и Манчестер Јунајтед кои ќе бидат одиграни на стадионот – „Енфилд“.
„Имаме два значајни меча. Мораме да бидеме подготвени за нашите фанови и да го одработиме нашиот дел. Имаме и повредени играчи“ – рече германскиот тренер.
Фудбалерите Ибрахим Конате и Дарвин Нунес би можеле да се вратат за пресметката со „Волците“. Џо Гомез е повреден а Луис Дијаз се уште не тренира со тимот.