Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп беше видно расположен на средбата со новинарите пред утрешниот дуел со Рома во полу-финалето во Лигата на шампионите кој ќе се одигра на „Енфилд“. Германецот одговори шеговито на прашањето дали некогаш би водел тим од „Чизмата“.
„Нема логика да ме ангажира италијански клуб бидејќи таму можам само да си нарачам едни шпагети а тоа не е доволно” – изјави искусниот тренер алудирајќи дека не говори италијански и дека за него е многу значајно да комуницира со фудбалерите.
„Ќе видиме што ќе се случи, но, сигурно нема да има ништо во наредните 4 години додека имам договор со Ливерпул“ – нагласи Клоп.