Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, може да здивне од проблемите поврзани со отсуство на голем број стандардни првотимци.
Тој пред натпреварот со Кардиф Сити во четвртото коло од ФА Купот, откри дека Харви Елиот, Тиаго Алкантара, Наби Кеита и Дивок Ориги тренираат и дека можеби ќе настапат во текот на викендот.
Германецот посочи дека Мане и Салах кои играат на Купот на африканските нации, може да му бидат на располагање евентуиално за мечот со Лестер.