Играчот од средниот ред на Ливерпул Емре Чан ја заврши сезоната. Тоа го потврди менаџерот на оваа екипа Јирген Клоп за „Скај Спортс Германија”.
Фудбалерот заработи повреда во грбот за време на дуелот со Ватфорд минатиот месец, по што ги пропушти и натпреварите на неговата репрезентација. Очекувањата беа дека наскоро тој ќе се врати во игра, а дури навивачите на тимот имаа надеж дека тој може да биде подготвен за денешниот реванш со Манчестер Сити од 1/4-финалето од Лигата на шампионите.
Запрашан дали сезоната за Чан е завршена, Клоп одговори со со потврдно „Да” и додаде дека истото важи за Адам Лалана и Жоел Матип.
„Се разбира дека не е добро да се изгуби тројца играчи за една недела”, додаде Клоп. Тоа значи дека Чан може и да го одигра последниот натпревар за Ливерпул, бидејќи неговиот договор со Ливерпул истекува по крајот на сезоната. Повредата на Чан и казната на Џордан Хендерсон не му даваат многу голем избор на Јирген Клоп, кој најверојатно ќе се мора да смета во средниот ред на Џејмс Милнер, Жоржињо Вајналдум и Алекс Окслејд-Чембрлен.