Францускиот весник – „L’Equipe“ објави дека тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, е подготвен во текот на летово да го ангажира Франк Рибери ако успее да продаде некој од напаѓачите кои не влегуваат во неговите планови за наредната сезона.
Французинот откако на крајот на изминатата сезона се збогуваше со германскиот состав Баерн Минхен, сега е слободен фудбалер. 36-годишниот Рибери во последното интервју најави дека сака да остане барем уште една сезона во светот на фудбалот.
Таа желба може да му се исполни, доколку германскиот тренер на клупата на „црвените“, успее да го реализира планот и да обезбеди доволно средства за да го ангажира Рибери.