Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашниот втор пораз од Реал Мадрид и елиминацијата во Лигата на шампионите, вели дека „кралевите“ и Манчестер Сити ги гледа како главни кандидати за победничкиот пехар.
„Реал повторно беше многу добар. Тие имаа подобри шанси и мора да се покаже почит кон нив“ – вели Клоп.
„Кој сака да го освои трофејот во Лигата на шампионите ќе мора да ги победи Реал Мадрид и Манчестер Сити“ – потенцираше менаџерот на „црвените“.