Ливерпул ја разгледува можноста во својот состав да го доведе и плејмејкерот на Интер, Хакан Чалханолу, пишува „Калчомеркато“. Од „Енфилд“ гледаат на 28-годишниот Турчин како замена за Алекс Окслејд-Чембрлен, кој заработи тешка повреда на бутот на предсезонските тренинзи и ќе паузира долго време.
Јирген Клоп е загрижен поради тоа што нема доволно играчи во средниот ред и токму поради тоа би можел да се насочи кон Чалханолу.