Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потенцирал дека му се допаѓа стилот на игра на крилото на Фиорентина, Федерико Киеза. 21-годишниот фудбалер има постигано 7 голови во 28 мечеви во Серија А во тековнава сезона.
Неговите добри игри го привлекоа вниманието на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Челзи. Се проценува дека фудбалерот на „виолетовите“ влегува во трансферните планови и на Јувентус, Милан и Баерн. Јирген Клоп, наводно имал разговори со шефовите на клубот од „Енфилд“ и јасно им укажал дека треба да направат напор да го обезбедат потписот на Федерико Киеза.
Се верува дека понудата од 70 до 90 милиони фунти ќе го убеди првиот човек на Фиорентина, Андреа Дела Вале, да го продаде неговиот фудбалер.