Ливерпул размислува да го понуди Роберто Фирмино во замена за играчот од средниот ред на ПСЖ и аргентински репрезентативец, Леандро Паредес.
Јирген Клоп вчера призна дека „црвените“ бараат засилување поради бројот на повреди.
Местото на Роберто Фирмино во нападот на Ливерпул е веќе под знак прашалник поради потписот на Дарвин Нуњес, но пред почетокот на сезоната Бразилецот изјави дека е среќен и сака да остане во „црвените“.