Тимот на Ливерпул ја откажал специјалната вечера со играчите, бидејќи Јирген Клоп инсистира на тоа дека тие целосно треба да се фокусираат на натпреварите кои следат затоа што клубот се бори за титулата во Премиер Лигата и пласман во финалето на Лигата на Шампионите.
Капитенот Џордан Хендерсон, Алекс Окслед-Чемберлен и Трент Александар-Арнолд требаше да присуствуваат на организиран и распродаден настан со околу 450 навивачи на Енфилд кој требаше да се одржи во четврток навечер.
Триото требаше да учествува на оваа вечера и пред навивачите да ја раскаже приказната за нивната кариера во дресот на „Црвените“ и Англија.
Сепак, бидејќи Ливерпул игра против Хадерсфилд клучен натпревар во борба за титулата во Премиер Лигата само 24 часа подоцна, Клоп побарал вечерата да биде презакажана, бидејќи тоа би се вмешало во програмата за тренинг на неговата екипа. Сега оваа вечера ќе се одржи на почетокот од следната сезона. Ливерпул испрати писмо со извинување до сите приврзаници кои купиле билети за настанот. Фановите можат или да го добијат целосно платениот износ назад или да ги задржат своите билети за новиот датум кој ќе биде објавен во наредниот период.
