Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги пофали неговите фудбалери по победата од 2:0 против Порто во петтото коло од групата „Б“ во Лигата на шампионите. „Црвените“ кои имаат максимален ефект, убедливо обезбедија место во фазата на елиминации.
„Одигравме добар натпревар. Во првото полувреме имаше одредени ситуации, но, тоа се случува кога имаш променет состав кој не игра често заедно“ – вели Клоп.
„Можеби некој мислеше дека ќе се однесуваме несериозно, но, сакавме да победиме пред полните трибини на Енфилд“ – изјави тренерот на англискиот состав.