Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим се уште ќе се бори за титулата во Премиерлигата и покрај синоќешните 1:1 на домашен терен со Тотенхем.
„Натпреварот беше доста тензичен, но кога играш со врвни тимови треба да имаш среќа во решавачките моменти. Продолжуваме да ги следиме нашите цели“, изјави Клоп и додаде дека не очекува Манчестер Сити да направи погрешен чекор на денешниот домашен натпревар против Њукасл.