Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше претстојниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против Милан.
„Секако дека се сеќавам на финалето во 2005 година. Но, уште подобро го паметам мечот на овие тимови во финалето во 2007 година. Ако размислувате кој од европските натпревари е најдобар за гледање, тогаш играта помеѓу Ливерпул и Милан е нешто што навистина треба да се гледа. „Росонерите“ веќе неколку години не беа дел од Лигата на шампионите, но сега миланезите играат добар фудбал. Мислам дека ќе биде најтешкиот натпревар за двата тима“, рече Клоп на прес-конференцијата пред натпреварот.
Да потсетиме, последен пат Милан играше во Лигата на шампионите во сезоната 2013/14. Тогаш тимот го освои второто место во групата со Барселона, но во 1/8 финалет загуби од Атлетико. Ливерпул ја освои Лигата на шампиони на УЕФА 2018/2019. Тогаш го победија Тотенхем со 2:0 во финалето.
Денеска, Ливерпул ќе го пречека Милан на „Енфилд“ во рамките на првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, а средбата започнува во 21 часот.