Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, не крие дека бил воодушевен од играта на Џердан Шаќири, на пријателскиот меч со Манчестер Јунајтед.
Швајцарецот со потекло од Косово неодамна им се приклучи на „црвените“ кои во атрактивен меч ги совладаа „црвените ѓаволи“ со 4 спрема 1. Токму Шаќири во финишот постигна атрактивен гол со „ножички“.
„Не е нормално по само четири денови да се адаптирате толку добро на нашиот стил. Сакавме да му помогнеме со позицијата на теренот. Беше подобро отколку што очекувавме“ – нагласи германскиот стратег.