Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека играчот од средниот ред Доминик Собослаи доживеал релапс на повредата на тетивата.
„Дом почувствува нешто во пределот каде што претходно имаше повреда. Немаше шанси да игра против Арсенал. Ќе видиме што ќе се случи понатаму“, изјави Клоп.
22-годишниот Собослаи минатото лето се пресели во Ливерпул од РБ Лајпциг. Сезонава унгарскиот играч за врска одигра 20 натпревари во англиската Премиер лига, постигна два гола и направи две асистенции. Следниот натпревар за „црвените“ е со Барнли на 10 февруари.