Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја коментираше повредата на голманот на Вулверхемптон, Руј Патрисио за време на натпреварот од 28. коло во Премиер лигата .
„Тоа беше ужасна ситуација. Зборував со персоналот на Вулверхемптон, тие се позитивни. Ова е жално. Во контактните спортови, ова се случува од време на време. Смирен сум затоа што првиот впечаток не е сериозен. Му посакуваме се најдобро“– изјави Клоп во изјава за „Би-Би-Си“.
Да потсетиме, Патрисио се повреди во 86-та минута. Капитенот на „волците“ Конор Коди, обидувајќи се да го спречи ударот на Мохамед Салах, го удри со колено сопствениот голман во глава. Натпреварот беше прекинат 14 минути додека медицинскиот персонал и лекарите од итната помош го лекуваа Патрисио, а Португалецот го напушти теренот на носилки.

