Стоперот на фудбалскиот состав Ливерпул, Вирџил ван Дајк, кој заработи тешка повреда на 17 октомври на мечот со Евертон најверојатно нема да се врати до крајот на сезоната, потенцираше тренерот на „црвените“ , Јирген Клоп.
На денешната прес-конференција пред средбата со Брајтон која ќе биде одиграна утре на „Енфилд“, германскиот стратег откри дека не е оптимист во поглед на рехабилитацијата на Холанѓанецот кој имаше операција на предните вкрстени лигаменти.
„Што и да се случи со него, мислам дека ќе имаме место за Вирџил на списокот за Лигата на шампионите. Јас велам дека е тоа апсолутно невозможно и веројатно нема да се случи. Сепак, не го избришавме и од списокот за Премиер-лигата“ – рече Клоп

