Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека веќе размислува за следната сезона, апелирајќи тимот да ги искористи преостанатите натпревари за да изгради силна основа.
Ливерпул оваа сезона имаше разочарувачка серија во Премиер лигата, а тимот на Клоп е осми на табелата, со слаби изгледи за Европа.
„Значи, иднината веќе започна, дозволете ми да го кажам така, но додека сме тука, мора да ги победиме натпреварите. Доколку не се квалификуваме за некое европско натпреварување, очигледно ќе биде големо разочарување, но мораме да се погрижиме да не губиме време во овој период. Се надевам дека можеме да земеме некои работи од оваа сезона кои се покорисни и да научиме што беше погрешно“, рече Клоп.