Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп по мечот со Виљареал во реванш-полифиналето до Лигата на шампионите, откри за што разговарал со играчите на паузата.
„За време на полувремето им кажав на момците дека треба да играат подобро во второто полувреме. Ги замолив моите помошници да најдат пример за тоа што направивме правилно во првото полувреме, но тие не можеа да го сторат тоа. Потоа им кажав на момците дека треба да бараат слободни зони, да играат пофлексибилно и да престанат да им ја даваат топката на играчите кои беа одлично маркирани“.
Избраниците на Јирген Клоп се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, каде ќе се сретнат со победникот од дуелот кој се игра вечерва меѓу Реал Мадрид – Манчестер Сити.