Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пак призна дека е шокиран од победата со 3:0 над Манчестер Сити на синоќешниот 1/4-финален натпревар од Лигата на Шампионите, кој се одигра на “Енфилд”.
Германецот не го криеше своето задоволство, но и фактот дека ни најмалку не очекувал ваква победа.
„Не очекувавме ваков резултат, но сепак требаше да играме повеќе фудбал во вториот дел. Противникот немаше речиси нити една шанса, но и ние не игравме на вистински начин во вториот дел. Задоволен сум целосно од претставувањето“, изјави Клоп.