Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, го искористи фантастичниот гол на Мохамед Салах на дербито со Манчестер Сити, да ги „допре“ големите ѕвезди, Кристијано Роналдо и Лео Меси.
„Ако Кристијано или Меси постигнат таков гол, тоа ќе биде протолкувано дека е светска класа. Салах го даде затоа што е исто така светска класа. Неверојатен гол! Луѓето долго ќе зборуваат за погодокот, сигурно во наредните 50 или 60 години, навивачите ќе го паметат“ – изјави германскиот стратег.
Ќе потсетиме дека дербиот на Англија меѓу Ливерпул и Манчестер Сити одиграно на „Енфилд“ заврши нерешно 2:2.

