Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Клоп за Сити: Дали овој натпревар ќе ја реши титулата? Рано е да се каже
    Фудбал

    Клоп за Сити: Дали овој натпревар ќе ја реши титулата? Рано е да се каже

    risteBy riste08/03/2024No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не штедеше суперлативи за неговиот колега од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, пред долго очекуваниот судир меѓу двата тима. Двајцата специјалисти имаа многу битки за паметење во изминатата деценија, прво во Бундеслигата, а потоа и во Премиер лигата, а во недела се соочуваат за последен пат во англискиот шампионат пред Клоп да си замине од Ливерпул на крајот од сезоната.

    Ливерпул има мала предност од еден бод на табелата пред неделниот натпревар на „Енфилд“, а Клоп може да се пофали со мала предност во 29-те натпревари меѓу нив, со 12 победи наспроти 11-те на Гвардиола. „Пеп е најдобриот менаџер на светот. Имав навистина добра кариера, но не сум ни блиску до неговите успеси“, изјави Клоп.

    „Не знам како би можел да ги оценувам тренерите од минатото, но во мојот живот тој е најдобар. Гледам совршенство кога стојам пред него и Пеп е дефинитивно тоа. Никогаш не се откажав иако имаше околу 3000 фудбалери кои беа подобри од мене и јас сепак ја сакав играта. Само што ми кажаа дека имам позитивен биланс против Пеп… Да бидам искрен, немам поим како се случи тоа. Но, вие ме прашувате за најдоброто: тој е најдобар“, изјави Клоп.

    Клоп потенцираше дека неделниот натпревар не мора да биде решавачки во битката за титулата затоа што остануваат уште многу натпревраи до крајот на сезоната, а разликата на табелата е многу мала.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.