Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, призна дека видел добри работи од неговиот тим на вчерашното дерби со Челзи на стартот на новата сезона во Премиер лигата, но имало и некои кои не му се допаднале.
„Задоволен сум од ремито. Добро го започнавме натпреварот и тоа ми се допадна. Сè што трениравме функционираше. Но, во еден момент ја отворивме вратата за Челзи, ја загубивме топката во неколку ситуации каде што не требаше. Челзи постепено ја подобруваше својата игра и моравме многу да се бориме за да останеме во игра. Видов многу работи што ми се допаднаа, но и некои што не ми се допаднаа особено. Тоа беше прв натпревар, тешко гостување, па повеќе сакам да гледам позитивно на овој меч“, изјави Клоп.