Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Клоп: „Знаев дека ќе биде тешко и бев подготвен на ваков натпревар“
    Фудбал

    Клоп: „Знаев дека ќе биде тешко и бев подготвен на ваков натпревар“

    risteBy riste15/08/2019No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ливерпул го победи Челзи по подобро изведување на пенали, откако во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 1:1 и со тоа го освои првиот трофеј оваа сезона, Супер купот на УЕФА.

    Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп ги дочека своите пет минути и освои уште еден европски трофеј со Ливерпул. По освоениот прв свој Суперкуп на Европа во кариерата на прес-конференцијата изјави:

    „Знаев дека ќе биде многу тешко да се освои овој трофеј и бев подготвен на ваков натпревар. Атмосферата беше прекрасна, благодарност до Истанбул и до нашите многубројни фанови кој дојдоа да не бодрат. На Окслеј Чембрлејн му беа потребни овие минути, но тој може многу подобро. Сепак, Фирмино веднаш се вклопи на неговото место и ни го даде тоа што од него го очекувавме. Можеби мал проблем е што во претсезоната ни недостигаа многу клучни фудбалери, но тука не можевме ништо да направиме. Секако дека можеме да играме подобро, но денес важна беше победата и трофејот. Не знам каде беше Адриан пред две недели кога игравме со Манчестер Сити, но денес е тука, спремен беше, го вгради цело свое искуство и ни покажа зошто го донесовме. Тој е одлична личност, ја наметна својата харизматичност и во соблекувлната и ја заслужи оваа вечер“, изјави Јирген Клоп.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико

    30/09/2023

    По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме

    30/09/2023

    Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот

    29/09/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Барселона ќе остане и без Рафиња за Ел Класико
    • По 16 години, Зенит прими три гола во едно полувреме
    • Лина Ѓорческа ќе игра финале во Србија
    • Заборски и Стојановиќ во битка за бронза на Светската карате Премиер лига
    • Алмерија и Висенте Морено се разделија по лошите резултати на тимот
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.