Најефикасниот фудбалер на Мундијалите, Мирослав Клосе, вели дека фудбалот денеска оди во погрешна насока и дека нема никакви допирни точки со неговото време од организациски аспект и пристапот на младите.
Поранешниот германски репрезентативец кој се пензионираше во 2016 година, изјави дека не му се допаѓа правецот во кој се движи најпопуларната игра.
„Кога бев дете ме интересираше само да вежбам. Фудбалот што го знам не постои. Денешните млади фудбалери првенствено ги интересираат автомобилите, договорите со спонзорите и нивниот изглед“ – потенцираше Клосе.