Сите клубови во Премиер лигата ќе имаат можност да предложат новитети за подобрувања на системот со видео-помошник судија (ВАР). Медиумите пренесуваат дека деновиве ќе бидат испратени покани до тимовите за да дадат идеи за подобро искористување на технологијата.
Од почетокот на сезоната, англиската елита е во хаос околу употребата на ВАР пред се поради правилата кои постојано се менуваат и прават забуна. Затоа сега менаџерите, спортските директори и капитените на клубовите, ќе можат да ги испраќаат предлозите во писмена форма а крајниот рок е до 19 март (петок).
Тогаш сите идеи ќе бидат дискутирани на посебен состанок и ќе се одлучи кои правила треба да се променат и на кој начин.ВАР се користи во Аглија од летото 2019 година.

